Димитар Трајков е нов играч на Вора!

171

Капитенот на У-21 репрезентацита на Македонија, Димитар Трајков својата кариера ќе ја продолжи во Албанија и тоа во тимот на Вора. Напаѓачот го раскина договорот со Полисија, клуб од Украина и во следниот период ќе игра во елитниот шампионат на Албанија.

Кога сме кај Вора да кажеме дека минатата сезона ја заврши на седмата позиција а таму беше и Енис Фазлагиќ, некогашен младински репрезентативец на Македонија.

Инаку Трајков својата кариера ја започна во Брера, потоа играше и за Беласица, Работнички, Полисија, беше на позајмица во Дуго Поље, а сега како слободен играч прави трансфер во Вора од Албанија.

ПретходноСо продажбата – Брегалница има 750.000 евра сигурни пари!
СледноСити го промовираше Мареска, се огласи и Челзи!(ФОТО)