Бразил – Јапонија 0:1 по првото полувреме на вториот меч од 1/16 финалето на Мундијалот, кој се игра во Хјустон пред преполни трибини. Стрелец на сензационалниот гол за водство на Јапонија, беше Сано во 29.минута. Несомнено е дека овој гол е гол на кариерата на репрезентативецот на Јапонија.
Секако дека ова е сензационален резултат ако се знае дека Бразилците беа апсолутни фаворити. Искрено четата на селекторот Карло Анчелоти беше подобра во поле, имаа посед и тоа каков, креираа и неколку закани по голот на Сузуки кој беше фантастичен на голот на Јапонците.
Победникот од овој меч во 1/8 финалето се среќава со подобриот од дуелот Норвешка – Брегот на Слоновата Коска.










