Селекторот на фудбалска репрезентација на Јужна Кореја, Хонг Мјунг-бо, поднесе оставка по шокантната елимнинација на неговата репрезентација во групната фаза на Светското првенство. Овој неуспех предизвика лавина од критики во земјата, интервенираше државниот врв, а ситуацијата ескалираше до тој степен што реагираше и полицијата.
Тие претрпеа клучен удар во четврток кога загубија од Јужна Африка (1:0). Предвременото заминување од Светското првенство предизвика негодување во јавноста, а во работата се вклучи и претседателот на земјата Ли Џе-мјунг, кој веднаш побара итна истрага за причините за дебаклот.
Сепак, ситуацијата отиде подалеку, откако репрезентативците се вратија дома, а до поранешниот селектор беше испратена закана со смрт преку Интернет. Јужнокорејската полиција реагираше итно и потврди за локалните медиуми дека го подигнала нивото на безбедност на максимум и дека активно ја следи ситуацијата и го обезбедува меѓународниот аеродром Инчон во Сеул, како и други клучни локации со цел да се спречи евентуален напад врз експедицијата по нејзиното враќање во татковината.










