Синер едвај до победа против Кецмановиќ!

77
ФОТО:facebook.com/wimbledon

Јаник Синер, веројатно најдобриот тениср во светот во моментов и тоа како си имаше проблеми на стартот на годинашниот Вимблдон. Италијанецот едвај дојде до победата со 3:2 во сетови против Србинот Миомир Кецмановиќ во меч од 1.коло кој траеше 3,5 часови.

Српскиот тенисер водеше со 1:0 и 2:1 во сетови, но сепак не успеа до крај да го декласира Италјанецот кој во еден момент и се повреди, му гледаше и крв на патиката од едно лизгање на теренот.

Во решавачкиот петти сет, Синер сепак покажа кој е кој во моментов и успеа да го добие со 6:3 во гемови за конечни 3:2 во сетови и за победа во 1.коло на годинашниот Вимблдон.

Значи малку недостигаше да дојде до голема сензација на стартот, но ништо од тоа. Јаник Синер оди во следното коло.

ПретходноСити го промовираше Мареска, се огласи и Челзи!(ФОТО)
СледноФИФА се фали со рекорди…