Кадир Саглам (40) од Турција е одреден за главен судија на првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу Вардар и КуПС. Исто така од Турција се неговите помошници како и судиите во ВАР собата.
Да потсетиме дека овој меч се игра на 7 јули на Арената “Тодор Проески“ во Скопје од 19 часот.
Познато е дека реваншот во Финска се игра седум дена, на 14 јули и тоа од 17 часот по македонско време. За овој меч задолжени ќе бидат судии од Шкотска на чело со Метју МекДермит како главен.










