ИН МЕМОРИАМ – Почина Марјан Јованов, поранешен претседател на ОФМ

237

Поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане, почина во Скопје на 58-годишна возраст.

Марјан Јованов беше претседател на Одбојкарската федерација на Македонија во периодот од 2007 до 2009 година. Во неговиот мандат беа поставени темелите врз кои подоцна се изградија најголемите успеси на машката сениорска репрезентација на Македонија на меѓународната сцена. Токму во тој период започна создавањето на репрезентација која го направи првиот голем исчекор, со бараж-натпреварот против Чешка за пласман на Европското првенство во 2009 година.

Поради професионалните обврски, по две години на чело на Федерацијата се повлече од функцијата, но зад себе остави јасна визија, стабилна организација и тим на луѓе кои продолжија посветено да работат за развојот на македонската одбојка. Неговиот придонес останува вграден во успесите што македонската репрезентативна одбојка ги достигна во годините што следуваа.

Како искрен спортски вљубеник и долгогодишен спортски работник, Марјан Јованов и по завршувањето на својот мандат остана близок до одбојката, секогаш подготвен да даде поддршка, совет и искрена помош. Одбојкарската федерација на Македонија изрази искрено сочувство до неговото семејство, роднините, пријателите и сите што имаа чест да го познаваат.

Нека му е вечна слава и благодарност за сè што направи за македонската одбојка.

Погребот ќе се одржи на 30 јуни 2026 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ДОНАЦИЈА ЗА ТППЕ КОЧАНИ
СледноМарез со изјава потврди сомнеж за договорен натпревар меѓу Алжир и Австрија