Германија – Парагвај 0:1 е резултатот од првото полувреме од натпреварот од 1/16 финалето кој се игра во Бостон. Стрелец на голот беше Енцисо во 42.минута. Секако дека ова е изненадување.
Целосна иницијатива на “панцерите“, посед и доминација, ама сето тоа беше јалово ако се знае дека избраниците на селекторот Јулиан Нагелсман не успеаја да создадат барем една шанса за гол. Имаше закани, но сепак далеку од тоа дека тие беа шанси а уште помалку голови.
Парагвајците очекувано немаа намера да се надигруваат, играа строго дефанзивно а ви 42.минута Енцисо успеа да го шокира Нојер. Дури по тој гол на Енцисо, Германците беа нешто поопасни.










