ГРК Охрид се пофали: Мартин Ивановски е седмото официјално засилување за наредната сезона!(ФОТО)

130
ФОТО:facebook.com/hcohrid

Како што велат од ГРК Охрид – “Нашето дете”, охриѓанецот Мартин Ивановски се враќа во својот матичен клуб. Македонскиот репрезентативец кој игра на позицијата среден бек потпиша договор со ГРК Охрид за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028.

Има 25 години (182 cm) и ќе го носи дресот со број 34.

Мартин освен за својот матичен клуб, бележеше одлични настапи во дресот на РК Алкалоид и Еурофарм Пелистер 2. Тие настапи го доведоа до место во македонската репрезентација.

“Пресреќен сум што се враќам во матичниот клуб во родниот град од кој потекнувам и каде што ги имав првите чекори.

Охрид е амбициозен клуб кој од година во година оди само во нагорна линија и резултатите го покажуваат тоа и освојувањето на европскиот куп мислам дека е само почеток на оваа приказна.

Се надевам дека заедно ќе успееме да го издигнеме клубот на едно уште повисоко ниво и ќе се радуваме на многу титули и успеси.” – изјави Мартин Ивановски на промоцијата.

ПретходноТурците од „Медикал парк“ се џокерот на Башкими!
Следно“Готово. Крај. Завршено. Германија повторно се посрамоти и Нагелсман мора да си оди!“