Драган Поповски се враќа како директор во Работнички!

419

Им го продаде на „богатите“ и моќни спонзори од Турција со канцеларии во Лондон и „полни“ банкарски сметки „никаде“. Драган Поповски – Попе сега ќе се обиде да спаси ако може и нешто да се спаси од Работнички. Клубот за првпат во својата историја го напушти прволигашкото друштво и тоа благодарение на очајното и бедно менаџирање од страна на новите спонзори а потпомогнати од вечните локални мешетари.

СпортСпорт дознава дека Поповски се враќа во Работнички во улогата на директор на клубот. Тој ќе се обиде да донесе гарнитура со која екипата би се обидела експресно да се врати во елитата иако таа мисија ќе биде многу тешка со оглед на финансиската кондиција во која се наоѓа големиот фудбалски бренд од Скопје.

Некогашниот првак е жртва на веќе виден „фудбалски масакр“, во Македонија каде турски бизнисмени со големи најави влегуваат и земаат клубови кои покасно се уништени по секоја основа. Воедно има и гласини дека со враќањето на Поповски почнува и процесот на враќање на клубот. За истиот се потребни месеци и ревизии и затоа на ваков начин се прави баланс за да се спаси барем нешто од клубот кој речиси едно столетие е гордоста на Дебар маало.

Јанакиевски ќе биде новиот тренер

Во текот на наредните неколку дена ќе се знаат и првите конкретни мерки кои ќе бидат превземени од новиот директор а најбитни се тренерската позиција и фудбалерите за новата сезона. Најавено е дека на клупата ќе биде ангажиран Баже Јанакиевски кој претходно работеше во школата на Работнички а лани беше на клупата на Башкими. Во ваквите денови кога „се крпат“ работите, ги нема оние кои креваа чалам по градот, со зборови вадеа милиони, направија масакр со резултатите – па ги избркаа како партали и сето тоа за сопствен интерес и уништување на еден клуб каков што е Работнички.

Но сепак нивните “телефони не им се одземени“…

ПретходноОва е голем удар за Германија! Што ли видоа во тој Нагелсман?!
СледноТурците од „Медикал парк“ се џокерот на Башкими!