Тажна вест во португалската репрезентација на Светското првенство за време на подготовките за натпреварот од 1/16 финалето против Хрватска. Имено на 69 години почина таткото на Рикардо Карваљо. А познато е дека поранешниот прославен дефанзивец е сегашен помошник тренер на Роберто Мартинез.
Португалската фудбалска федерација (ФФФ) во понеделник изрази сочувство поради смртта на таткото на член на тренерскиот штаб на репрезентацијата. Во соопштение опишано како израз на длабока тага, португалската фудбалска федерација изрази солидарност со семејството. Претседателот, Управниот одбор и сите вработени упатија најдлабоко сочувство до Рикардо Карваљо и неговото семејство, изразувајќи желба да најдат сила да се соочат со оваа непоправлива загуба.
Федерацијата, исто така, потврди дека Рикардо Карваљо отпатува за Португалија за да присуствува на погребот. Информацијата беше објавена по прес-конференцијата на која присуствуваше португалскиот репрезентативец Жоао Феликс.
Estamos contigo. Força, Ricardo Carvalho. 🤍 pic.twitter.com/0DrjNWlXCt
— Portugal (@selecaoportugal) June 29, 2026










