Германскиот весник „Билд“ денеска објави дека неколку германски репрезентативци вчера одбиле да изведат пенал во пенал-серијата, особено кога дојде на ред шестата серија.
Покрај Тах и петте играчи кои ги изведоа првите пет удари, на теренот во тој момент биле и Леон Горецка, Валдемар Антон, Натаниел Браун, Малик Чао и Мануел Нојер. Ниту еден од нив не сакал да ја преземе одговорноста, па изборот падна на дефанзивецот Тах, за кого интересно, тоа беше првиот изведен пенал во кариерата.










