„Сарај“ и „Тигрици“ се државни победници во Coca-Cola Cup

31

Македонија успешно ја заврши првата сезона на Плазма Спортските игри за млади. Државното првенство ги даде учесниците за големото меѓународно финале кое од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит.

Финалните натпревари во машка и женска конкуренција во Coca-Cola Cup 2011 ја донесоа вистинската возбуда. Сите бевме сведоци на одличен фудбал, исполнет со фер-плеј, спортски дух и голема борбеност.

Вкупно 1.179 деца се натпреваруваа во Coca-Cola Cup 2011: 969 во машка и 210 во женска конкуренција.

Особено сме горди на женската категорија, која е дел од големата кампања за промоција и развој на женскиот фудбал, што Плазма Спортските игри за млади ја реализираат во соработка со УЕФА.

Во машкото финале се сретнаа екипите на „Сарај“ и „Арсенал“. По голема неизвесност, победата ја однесе тимот на „Сарај“, кој за нијанса беше подобар од својот противник. Сите учесници на државното финале испратија порака дека Македонија има светла фудбалска иднина, а „симовците“ воодушевија со своите мајстории. Како што наближуваше финишот, така воздишките беа големи.

Пехарите и медалите на најдобрите им ги додели Снежана Савиќ Димовска, директорка за корпоративни работи и одржливост во Пивара Скопје.

Пласман – машка конкуренција:

  • Прво место: „Сарај“
  • Второ место: „Арсенал“
  • Трето место: „Царина во напад“

Возбудливо беше и во женската конкуренција, каде што видовме многу емоции, солзи радосници, но и на момент солзи после загубената битка за шмпионскиот пехар. Во крајно неизвесно финале, „Тигрици“ ги победија „Њу Старс“ и го освоија златниот медал.

Пехарот на победничката екипа, како и медалите и признанијата за останатите учесници, ги додели градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Пласман – женска конкуренција:

  • Прво место: „Тигрици“
  • Второ место: „Њу Старс“
  • Трето место: „Лозово“

Плазма Спортиските игри за млади за првпат оваа година се одржуваат во нашата земја. Станува збор за едно од најголемите аматерски натпреварувања во Европа чија главна мисија е бесплатен спорт за секое дете.

ПретходноРистовски си замина од Бохемианс и има официјална понуда од Индонезија
СледноДенеска на Мундијалот: БиХ на мегдан со Американците, двојна пресметка меѓу Европа и Африка