Богдановиќ оди кај Дурент!

220
Фото: ЛА Клиперс/Твитер

Богдан Богдановиќ се согласил на едногодишен договор со тимот од Тексас како слободен агент, објавува ESPN.

Челниците на Рокетс интензивно работеле во првата вечер од преодниот рок за да го ангажираат искусниот бек и успеале да го убедат да ја прифати понудата.

Богдановиќ влегува во својата десетта сезона во НБА, пристигнувајќи како еден од најискусните шутери достапни на пазарот и играч со богато искуство во плејофот.

Негови соиграчи во новиот тим ќе бидат прославениот Кевин Дурент, како и „бебето Јокиќ“ Алперен Шенгун и Амен Томпсон, кои го формираат јадрото на тимот.

Српскиот интернационалец играл за Сакраменто Кингс, Атланта Хокс и Лос Анџелес Клиперс за време на неговата НБА кариера, а сега ќе се обиде да му помогне на младиот и амбициозен тим на Хјустон во нивната борба за највисоките рангови во Западната конференција.

Деталите од договорот, освен тоа што е потпишан за една сезона, сè уште не се објавени.

ПретходноХаланд емотивен: Поминаа 28 години…
СледноБранко Ангеловски е нов тренер на Пелистер 2!(ФОТО)