Бранко Ангеловски е нов тренер на Пелистер 2!(ФОТО)

53
ФОТО:.facebook.com/hceurofarmpelister

Официјално. Бранко Ангеловски е шеф на струката на РК Пелистер 2. Ова и официјално го потврдија од страна на раководството на битолскиот клуб. Од клубот велат дека Пелистер 2 е подеднакво важна приказна како и првиот тим на Пелистер.Затоа во конструкцијата на тимот за следната сезона му се пристапува максимално сериозно и одговорно. Во тој правец оди и назаначувањето на новиот тренер. За предводник на Пелистер 2, воедно и тим-менаџер, е именуван Бранко Ангеловски.

Ова е своевидно враќање на Ангеловски во клубот, откако претходно беше играч на Пелистер, а до неодамна и спортски директор и тренер. Исто така битолчани велат дека Ангеловски со своето искуство и неспорен квалитет е најсоодветн избор за оваа позиција.

Неговото претставување предвидено е за почетокот на подготовките на крајот од месец јули.

ПретходноБогдановиќ оди кај Дурент!
СледноФранција уште еднаш покажа дека е најголем фаворит за титулата