Вардар останува на тронот: „Црвено-црните“ апсолутни шампиони во сите младински категории

85

Ватерполо клубот Вардар уште еднаш ја потврди својата доминација на домашната сцена, освојувајќи ги шампионските титули во сите младински категории на летното национално првенство.

По апсолутниот триумф на зимското државно првенство, „црвено-црните“ повторно се искачија на највисокото место на пиедесталот во сите возрасни категории:

  • У12 (2014 годиште и помлади) – шампион
  • У14 (2012 годиште и помлади) – шампион
  • У16 (2010 годиште и помлади) – шампион
  • У18 (2008 годиште и помлади) – шампион

Од клубот истакнуваат дека успехот е резултат на систематска работа, професионален пристап и стручна работа на тренерскиот кадар, кој поседува и меѓународно искуство. Во Вардар нагласуваат дека континуираниот развој се темели на дисциплина, квалитетни услови за работа и целосна посветеност на трите најважни столба – клубот, децата и нивните родители.

Покрај екипните титули, ватерполистите на Вардар освоија и седум од вкупно 12 индивидуални признанија.

У12

  • Павел Цветковски – најдобар голман
  • Матео Ѓуравчевиќ – најдобар играч

У14

  • Огнен Ивановски – најдобар играч

У16

  • Антонио Ѓуравчевиќ – најдобар играч
  • Марко Маџоски – најдобар стрелец

У18

  • Михаил Влахов – најдобар играч
  • Видан Јакимовски – најдобар голман

По новите домашни успеси, во Вардар веќе ги насочуваат погледите кон следниот предизвик – настапи во регионалните натпреварувања. Амбицијата на клубот е да продолжи со развојот на младите ватерполисти и во блиска иднина да биде конкурентен и на регионалната сцена.

ПретходноДенеска на Мундијалот: БиХ на мегдан со Американците, двојна пресметка меѓу Европа и Африка
СледноГРК Тиквеш се „разбуди“, потпиша двајца ракометари