Екипата на ГРК Тиквеш претстави две засилувања за следната сезона во која има исти амбиции во Супер-лигата, пласман во пеј-офот.
Станува збор за Тоше Ончев, добро познат македонски ракометар кој има искуство од играње во повеќе наши тимови, ќе биде засилување на бековската позиција. Тој минатата сезона ја заврши како ракометар на Куманово.
Второто бековско засилување доаѓа од редовите на Еурофарм Пелистер 2, а се работи за тунискиот интернационалец Мохамед Бен Махфуд.










