Казимчан Караташ ќе игра за Македонија

257

Големо, огромно засилување за стартот на следната Лига на Нации добива фудбaлската репрезентација на Македонија.

Селекторот Гоце Седлоски е во потрага по решение за левата бековска позиција која што е рак рана во изминатиот период за нашиот национален состав, а истото доаѓа од Истанбул.

Поточно ни помалку ни повеќе туку од големиот Галатасарај. Левиот бек на турскиот гигант, Казимчан Караташ има македонско потекло и се согласил да го облече дресот на нашиот национален тим.

Потекло од Велес

Она што во моментов може да се потврди е дека ФФМ и Караташ се во комуникација подолг период. Фудбалерот има желба да настапува за Македонија од каде што неговото семејство има потекло. Истото, поточно има корени од Велес. Па така, веќе извесен период се работи интензивно на вадење на негови македонски документи.

Настапи за младинските селекции, повик за Турција но не и натпревар

Караташ во моментов има 23 години односно е 2003 годиште. Има речиси триесет настапи за младинските селекции на Турција, но и повик за А репрезентацијата за која што за наша среќа нема настап. Дете е на тимот на Алтај, а откако потпиша за Галатасарај одработи позајмици во Анкарагучу, Орембург и Башахшекир.

Спортспорт пишуваше за него уште во 2024 година

Спортспорт како медиум кој што со години се бави, и тоа успешно со пронаоѓање на играчи со наше потекло ширум светот, уште во 2024 година и го претстави Караташ на македонската јавност како потенцијален наш репрезентативец. Тогаш реално левиот бек сеуште имаше право на настап за младинските селекции на Турција и не се одлучи да го промени спортскиот пасош. Сега очигледно дека се решава на таков потег, во исклучително важен момент за нас, кога сме пред старт на Лигата на Нациите во септември каде што сме во група со Словенија, Швајцарија и Шкотска.

https://sportsport.mk/2024/09/28/%D1%81%D0%B5-%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D0%BB%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%B1%D0%B5%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%81%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%98/

ПретходноГРК Тиквеш се „разбуди“, потпиша двајца ракометари
СледноВаљмир Какруки: Сметам дека сме подобар состав од Ирска и одиме по триумф на овој меч