Македонскиот репрезентативец и интернационалец Милан Ристовски и официјално повеќе не е дел од чешкиот тим Бохемианс.
Клубот преку социјалните мрежи му се заблагодари на напаѓачот за досегашната соработка и му посака многу среќа во кариерата понатаму.
Ристовски имаше солидна минутажа во овој клуб, но едноставно се дојде до точка во која што и клубот и тој заминуваат на своја страна што се вели.
Македонскиот репрезенаттивец е дете на Работнички, а потоа замина во Ријека. Одработи позајмици и во Кршко, во Нитра во Спартак Трнава.
Во овој клуб остави добар впечаток па потоа се пресели во Бохемианс.
Од друга страна пак, Спортспорт дознава дека тој има вече понуда на маса од суперлигашот од Индонезија, Бхајангкара Пресиси Лампунг, а деновиве ќе се знае дали истата и ќе ја прифати.










