Силекс го декласираше Балкани во “генералката“ пред гостувањето кај Динамо Минск

305

Силекс – Балкани 4:0 е исходот од пријателскиот меч кој се одигра попладнево на стадионот на Автокоманда во Скопје. Ова беше “генералка“ за кратовци во пресрет на гостувањето кај Динамо Минск во рамките на првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Интересно, се играше 4Х30 минути во договор на двајцата тренери.

Стрелци на головите против косовскиот состав беа Богдановски, Хасукиќ, Донов и Николовски. Со оглед на резултатот, секако дека стратегот на Силекс, Александар Васоски мора да биде задоволен. Да се победи Балкани со така убедлив резултат секако дека не е мала работа.

Инаку како што е познато, мечот со Динамо Минск се игра на 9 јули (четврток), се игра во Стара Загора (Бугарија), а експедицијата на кратовци ќе патува во вторник.

ПретходноАндреј Јакимовски: Македонија покажа дека не и е местото во претквалификациите!
СледноДали тој е новиот селектор на Германија? Клаузулата на Јирген Клоп што може да промени сè!