Пелистер направи промени во раководната структура за новата сезона. На местото на Филип Ивановски, на позицијата извршен директор ќе биде Предраг Созовски. Клубот воедно му се за благодари на Ивановски за професионалноста и сето она што го направи во изминатиот период.
„КК Пелистер ја информира јавноста дека изврши промени во раководечката структура на клубот за сезоната 2026/27. На позицијата извршен директор на клубот на истек од договорот заминува Филип Ивановски, на кого клубот му е благодарен на преданоста и професионалноста. На негово место е назначен Предраг Созовски, кошаркарски работник, тренер и спортски работник кој цел живот е во кошаркарскиот спорт. Тој целосно ќе се посвети на својата нова функција и со своето професионално познавање на материјата и искуството веруваме дека ќе му даде правец на нашиот проект. Созовски се откажа од своите обврски во образованието за да се посвети на КК Пелистер, што е потег за поздравување.
Клубот наскоро ќе ги именува другите структури во клубот, ќе назначи тренер и ќе ја формира екипата за сезоната 2027/28. Целта е да се продолжи континуитетот за борба за виоски позиции во македонската клупска кошарка“, велат од таборот на битолскиот тим.










