Федерација на училишен спорт на Македонија: Зад нас е година исполнета со бројни успеси!

37
Федерацијата на училишен спорт на Македонија излезе со анализа за она што се реализираше за време на училишната година и заокружи дека истата е успешна. Покрај националните првенства, оваа федерација се покажа како одличен организатор на големи настани како Светско училишно првенство во ракомет и Плазма Спортските игри за млади. Учениците запишаа одлични резултати и на меѓународно ниво, пред скоро време Македонија во баскет 3х3 го освои сребрениот медал во Белград.

„Како Федерација на училишен спорт на Македонија продолживме да вложуваме во спортот и да градиме здрави генерации и да поставуваме темели за подобро утре. Спортот обединува. Спортот создава подобри личности. Спортот е најголемиот амбасадор на секоја држава.

Со завршувањето на календарот на училишните натпревари на државно и меѓународно ниво, ги сумираме резултатите од една исклучително успешна сезона. Како Федерација на училишен спорт не можеме да бидеме погорди.
Браво за нашите најголеми амбасадори!
*Нашите ученици и репрезентативци нè израдуваа со сребрен медал на Европското училишно првенство во баскет 3х3 кое се одржа во Белград.
*Успешно организирано Национално училишно првенство. Голем број медали освоени од нашите ученици во индивидуални и колективни спортови.
*Светското училишно првенство во ракомет беше успешно организирано со највисоки позитивни оценки од Светската федерација за училишен спорт.
*Злато за момчињата и  сребро за девојките, историски момент. Испишавме нови страници во македонскиот училишен спорт.
 *7. место на Европското училишно првенство во футсал за момчиња до 18 години.
 *Успешно реализирани проектите на ФФМ – „Фудбал во училиштата“ и проектот за развој на женскиот фудбал.
*Плазма Спортските игри за млади – проект преку кој Македонија стана дел од едно големо меѓународно спортско семејство. Настан исполнет со насмевки, мотивација, фер-плеј и еднакви можности за деца од сите урбани и рурални средини.
Сезоната 2025/2026 е успешно завршена!
Како Федерација на училишен спорт, упатуваме искрена благодарност до сите кои беа дел од оваа успешна спортска приказна:
*Владата на Република Македонија и Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски
*Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова
*Министерството за спорт и Министерот Борко Ристовски
*Нашите колеги професори, кои се најзаслужни за функционирањето на целиот систем.
*Благодарност до комесарот за натпреварување, Венцислав Рангелов.
*Сите волонтери, соработници, спонзори и општествено одговорни компании

Заедно покажавме и докажавме дека успехот доаѓа кога сме обединети.Продолжуваме понатаму со уште поголема енергија, нови предизвици и нови успеси“, се вели во соопштението на Федерацијата на училишен спорт на Македонија. 

ПретходноДали е ова годината на “Трите лава“: Дали е ова крај на 60-годишното проклетство на Англија?! (ФОТО)
СледноНагелсман поднесува оставка, а Клоп доаѓа на негово место