Рустемовски утре против Турчинот Селахатин ќе се бори за медал на ЕП

0

Македонскиот боксер Ален Рустемовски утре го очекува најважниот настап досега на Европското првенство за боксери до 23 години во Пореч, Хрватска. Рустемовски ќе се бори во четвртфиналето против Турчинот Џинбулак Селахатин, а евентуална победа ќе му обезбеди пласман во полуфиналето и сигурен медал од континенталниот шампионат.

Македонскиот репрезентативец до оваа фаза стигна по победата над Полјакот Јакуб Палка, во меч во кој, според оценката на Рустемовски, тактиката подготвена од тренерскиот тим била одлично поставена. Неговиот следен противник, Селахатин, во осминафиналето славеше со поделена судиска одлука, 4:1, против Ерменецот Ерик Арстамајан.

ПретходноГРК Тиквеш и Грчевски ја прекинаа соработката