ЦЕВ го објави терминот за ждрепката за европските купови

27
фото: CEV.eu

Европската одбојкарска конфедерација го објави терминот на извлекување на двојките за новата сезона во европските купови. Тоа ќе се случи на 15 јули.

Македонија оваа сезона ќе има четворица претставника во европските купови и тоа шампионите Штип УГД и Работнички во машка и во женска конкуренција, како и екипите на Струмица и Јанта Волеј.

Штип УГД во својата прва шампионска сезона се пријави за настап во квалификациите за Лигата на шампионите, додека екипата на Струмица оваа година ќе не претставува во машкото издание на ЦЕВ Челинџ купот.

Работнички нема да игра во Лигата на шампионите иако имаше право, но скопскиот тим реши да се пријави за ЦЕВ Челинџ купот исто како и екипата на Јанта Волеј.

Ждрепката на 15 јули е закажана со почеток во 12 часот и ќе се однесува на сите три европски купа. Тогаш сите македонски тимови ќе го дознаат својот прв противник во натпреварувањата за кои се пријавени.

ПретходноКалин Ивановски обезбеди финале на Macedonian Open
СледноДешамп испиша историја и сега е селектор со најмногу победи на мундијалите!