Марковски и Србљак победници во двојки на Macedonian Open 2026!Калин утре од 11.30 часот во сингл – финалето против Орлов

44

Македонската комбинација Обрад Марковски и Горазд Србљак триумфираа во конкуренција на двојки на годинашново издание на Macedonian Open 2026. Тие во финалето за 79 минути ги совладаа Никола Керемедчиев и Давид Симеонов од Бугарија со 2-0 во сетови (75 64).

Во првиот сет Марковски-Србљак направија брејк во седмиот гем и поведоа со 4:3, но веќе во следниот гем тенисерите од Бугарија успеаја да изедначат на 4:4. Новиот брејк за македонската двојка во 11.тиот гем им донесе водство од 6:5 во гемови, а сетот го завршија откако го освоија гемот на свој сервис за 7:5.

 

Во вториот сет повторно во седмиот гем имаше брејк за Марковски и Србљак за 4:3, а потоа и во деветтиот гем направија брејк и сетот го завршија со 6:3 во гемови.

Инаку, Марковски и Србљак денеска го одиграа и полуфиналниот меч и постигнаа победа од 2-0 во сетови против Николас Бруна и Франциско Томас Гешвинд.

Утре со почеток во 11:30 часот се игра финалето во сингл меѓу Калин Ивановски против Владислав Орлов од Украина, кој со 2-1 во сетови (26 60 64) го победи Стефан Поповиќ од Србија.

ПретходноПолувреме: Без голови во Хјустон, Мароко остана без Саибари!
СледноДресот на француската ѕвезда е најпродаван на СП 2026