Уште една култна личност од светот на спортот го напушти овој свет. МЗТ Скопје ја информира јавноста дека на 80-годишна возраст почина Крсто Станковски, кој три децении беше дел од „сино-белиот“ тим.
„Со неизмерна тага во срцата, ја информираме јавноста за заминувањето на нашиот Крсто Станковски, кој ноќеска почина на 80-годишна возраст.
Повеќе од три децении беше неразделен дел од МЗТ Скопје Аеродром – култна личност чие присуство, посветеност и љубов кон клубот се вградени во секој наш успех.
Зад себе остави неизбришлива трага и спомени што ќе живеат засекогаш меѓу сите што го познаваа.
Почивај во мир, Крсто. Вечна ти слава“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.










