Утре нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски ќе настапи на финалето на силниот тенисеки турнир Macedonian Open 2026 кој се одржува во Скопје. Негов ривал е Украинецот Владислав Орлов. Финалето започнува во 11.30 часот а истото ќе може да се проследи на програмите на МТВ или Националниот сервис.
Македонија секако дека ќе навива за Калин.
Исто така на Националниот сервис ќе може да се проследи и кошаркарскиот натпревар меѓу Луксембург и Македонија, кој се игра од 16 часот. Секако дека и на овој меч кој ќе може да се следи на МТВ, ќе навиваме за Македонија да дојде до уште една победа за крај на претквалификациите.










