Европската ракометна федерација ги номинираше 16-те судиски парови кои ќе бидат задолжени за делење на правдата за Европското првенство во женска конкуренција кое ќе се игра во пет држави.
На списокот на ЕХФ се најде и македонската судиска двојка, Даниело Божиновски и Виктор Начевски. Двајцата ќе треба да присуствуваат на подготвителниот семинар што ќе се одржи од 11 до 13 септември.
На Европското првенство ќе игра и македонската женска репрезентација.
Сите 16 судиски парови се од различни земји, а дополнително ќе бидат повикани уште два судиски парови со што ќе биде целосно комплетиран списокот на арбитри за ЕП 2026.










