Важен играч на Арсенал со трансфер во Бешикташ!

120
ФОТО:.facebook.com/Arsenal/

Бешикташ постигна договор со Арсенал за потпишување на Леандро Тросар. Турскиот гигант ќе плати 20 милиони евра за Белгиецот. 18 милиони се надоместокот за трансфер, а 2 милиони се бонуси. Играчот ќе заработува околу 9 милиони годишно, но неговите лични услови сè уште се преговараат.

Тросар има уште една годона договор со „топџиите“, откако потпиша нов договор во август 2025 година. 31-годишниот напаѓач моментално е со Белгија на Светското првенство во Северна Америка и се соочува со САД во осминафиналето. Тој постигна два гола против Нов Зеланд во групната фаза и имаше асистенција за познатиот камбек против Сенегал во осминафиналето. Белгискиот репрезентативец одигра клучна улога во првата титула на Арсенал од 2005 година. Минатата сезона одигра 50 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи осум гола и 11 асистенции, и беше стартер во 21 лигашки натпревар. Тросар го постигна одлучувачкиот гол во 83-тата минута од лондонското дерби со Вест Хем на 10 мај. Тој пристигна на „Емирати“ во јануари 2023 година од Брајтон.

ПретходноЛеброн е најблизу до Филаделфија, но и Минесота влезе во трката
СледноПријателска: Арсими и Шкендија (А) одиграа без победник!