Пријателска: Арсими и Шкендија (А) одиграа без победник!

91
ФОТО:.facebook.com/kfaresimi/

Попладнево на Градскиот стадион во Гостивар, се одигра пријателска средба меѓу Арсими и Шкендија Арачиново, кој на крајот заврши без победник 1:1.

Двата гола беа постигнати во второто полувреме. Арсими поведе со голот на Глигоров, додека Шкендија Арачиново израмни преку Демири.

Ова беше прва контрола и за двете екипи кои во следната сезона ќе играат во нашата фудбалска елита. Арсими ќе ја игра својата втора сезона во ПМФЛ, додека Шкендија Арачиново ќе биде дебитант.

ПретходноВажен играч на Арсенал со трансфер во Бешикташ!
СледноПолувреме: Без голови во Хјустон, Мароко остана без Саибари!