Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид

110

Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч.

Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната клаузула од 20 милиони евра и да го направат нов член на Реал.

Дамфрис потпиша четиригодишен договор со Реал Мадрид, кој го врзува за клубот од Бернабеу до летото 2030 година.

Дефанзивецот е четвртото ново засилување на Реал Мадрид ова лето по Ибрахима Конате, Марк Кукуреља и Бернардо Силва.

 

 

ПретходноБританска пратеничка го номинира Хари Кејн за витез!
СледноМладинците во победнички ритам пред Европското првенство