Младинците во победнички ритам пред Европското првенство

39

Победа за машката младинска репрезентација на Македонија на последниот контролен натпревар пред Европското првенство.

Нашите ракометари пред да заминат за Романија ја совладаа селекцијата на Италија со убедливи 30-22. За избраниците на селекторот Игор Илиевски ова беше четврта победа во контролните натпревари, претходно двапати ја совладаа С.Арабија и Грција.

Овие мечеви ќе им дадат дополнителен мотив на нашите младинци пред важните битки на Европското првенство.

Македонија е во група на Европското првенство и ќе игра против Данска, Норвешка и Хрватска, а само прво и второпласираните ќе се пласираат во главната рунда. Првиот меч нашите ракометари го играат на 8 јули од 13:30 часот против Норвешка.

ПретходноДензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид
СледноЕгзон Белица се враќа дома