Леклер е победник на трката за ГН на Велика Британија

71

Шарл Леклер е победник на Формула 1 трката која што денеска се возеше на легендарната патека Силверстоун, за Големата награда на Велика Британија.

Оваа Формула 1 епизода беше исклучително турбулентна и возбудлива. Имаше доста рпесврти за да на крајот на пиедесталот покрај Леклер се најдоа и Џорџ Расел и Луис Хамилтон.

Кими Антонели кој што беше најдобар на спринтот немаше среќа затоа што во 41. круг пројави проблеми со болидот по што загуби секаква шанса за добар пласман.

Макс Верстапен исто така имаше одлична позиција за освојување бодови, но излета од патеката.

Неговиот инцидент на само три круга до крајот го натера на патеката сигурносното возило по што веќе немаше никаков простор за менување на редоследот.

ПретходноЕгзон Белица се враќа дома
СледноКошаркарите победнички и во Луксембург за перфектни „шест од шест“