MACEDONIAN OPEN: Ден за финале – ден за поддршка на Калин Ивановски

77

Од годинашново издание на Macedonian Open 2026 остана да се одигра уште финалниот меч во сингл конкуренција. На големо задоволство на македонскиот спорт, македонскиот тенисер Калин Ивановски ќе биде актер на финалниот меч, а поддршката од трибините ќе му биде од голема помош во мечот со искусниот Владислав Орлов од Украина.

За Ивановски ова е вкупно 11. то финале во кариерата (поради повреда имаше пауза од речиси една година отсуство од настап на турнирите), а оваа година има извонреден учинок и има 12 победи на 13 мечеви (го загуби финалето на турнирот во Загреб минатата недела). Калин Ивановски има и пет турнирски победи (последната во јули 2023 во австриски Крамсах), но повредите од крајот на 2023 година имаа големо влијание на неговите настапи.

Ивановски годинава го игра второто финале, по Загреб, а имаше и исклучителен настап на мечевите од Дејвис купот на почетокот на месев јуни, каде оствари четири победи на четири меча.

Противник на Ивановски во денешното финале ќе му биде Владислав Орлов, искусен играч – 31. година, кој има освоено 10 турнири (сите од рангот на ИТФ М25 и М15). Орлов оваа има одиграно 37 мечеви и 20 победи на 17 турнири и еден меч за Дејвис куп репрезентацијата на Украина, а финалето во Скопје му е најдобар резултат годинава. И Орлов се наоѓа во добра форма од почетокот на јуни има 11 победи од 14 мечеви на четири турнири.

Бројките зборуваат дека двајцата тенисери, кои се во најдобра форма стигнаа да финалниот меч.

Финалето се игра со почеток во 11:30 часот на Централниот терен на ТК Југ, а влезот е слободен.

ПОДАТОЦИ ЗА ФИНАЛИСТИТЕ

КАЛИН ИВАНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА) – 22. години

Ранг: 1.148 АТП место

Најдобар ранг: 305 место (16. октомври 2023)

Титули: 5 (2022 – Мадрид М15, Ираклион М15, Монастир М15, 2023 – Скопје М25, Крамсах М25)

2026 година: Финале Загреб М25, Скопје М25

ВЛАДИСЛАВ ОРЛОВ (УКРАИНА) – 31. година

Ранг: 493 АТП место

Најдобар ранг: 350 место

Титули: 10 (2019 – Ирпин М15, Џакарта М15, 2020 – Анталија М15, Шарм Ел Шеик М15, 2022 – Осиек М25, Пирот М25, Ерусалем М25, Бхилаи М15, 2024 – Крамсах М25, Сцавно М15)

2026 – финале М25 Скопје, 1/2 финале М25 Кисељак, М15Сентендре

РЕЗУЛТАТИ НА ФИНАЛИСТИТЕ НА MACEDONIAN OPEN 2026:

КАЛИН ИВАНОВСКИ

  1. коло: Андреј Чепелев (1. носител) 2-0 (64 62)
  2. коло: Лиам Деликата (Малта) 2-0 (64 63)

1/4 финале: Александре Вајс (Италија, 6. носител) 2-0 (76(5) 76(3))

1/2 финале: Јанаки Милев (Бугарија, 7. носител) 2-1 (64 26 75

ВЛАДИСЛАВ ОРЛОВ (УКРАИНА, 4. носител)

  1. коло: Никола Колјачев (Бугарија) 2-0 (76(4) 64)
  2. коло: Обрад Марковски (Македонија) 2-0 (63 62)

1/4 финале: Петар Јовановиќ (Црна Гора) 2-0 (60 62)

½ финале: Стефан Поповиќ (Србија, 5. носител) 2-1 (26 60 64)

МЕЃУСЕБНИ МЕЧЕВИ

Ивановски – Оролв 0-2 (46 16) М15 Брчко (мај 2022 година)

ПретходноСелекторот на Парагвај: Моите рани се отворени – крварам
СледноФлорент Рамадани се врати во Шкендија!