Победа за машката младинска репрезентација на Македонија на последниот контролен натпревар пред Европското првенство.
Нашите ракометари пред да заминат за Романија ја совладаа селекцијата на Италија со убедливи 30-22. За избраниците на селекторот Игор Илиевски ова беше четврта победа во контролните натпревари, претходно двапати ја совладаа С.Арабија и Грција.
Овие мечеви ќе им дадат дополнителен мотив на нашите младинци пред важните битки на Европското првенство.
Македонија е во група на Европското првенство и ќе игра против Данска, Норвешка и Хрватска, а само прво и второпласираните ќе се пласираат во главната рунда. Првиот меч нашите ракометари го играат на 8 јули од 13:30 часот против Норвешка.










