ОФИЦИЈАЛНО: Гласнер е нов менаџер на „шумарите“

61

Нотингем Форест го објави назначувањето на Оливер Гласнер за нов менаџер на тимот. 51-годишниот австриски специјалист потпишал тригодишен договор со клубот.

На крајот од сезоната 2025/26, Гласнер го напушти Кристал Палас, со кого минатата сезона ги освои ФА Купот, Комјунити Шилд и титулата во Конференциската лига.

Гласнер се приклучува на Форест како трет менаџер кој ги освоил и Лигата на Европа и Лигата на Конференции.

Минатата сезона, Нотингем заврши на 16-то место на табелата во Премиер лигата со 44 бода.

Претходно„Нема да бидам поголем Роналдо ако сум светски шампион, ни помал ако не успеам“
СледноЧетири лица застрелани по мечот Мексико – Англија во мексиканската заедница во ЛА