Полувреме: Атомски фудбал во Далас, ама нема голови!

112
ФОТО:x.com/SpainIsFootball

Нема голови на Ибериското дерби, на мега – дербито од 1/8 финалето на СП по првото полувреме меѓу Шпанија и Португалија кое се игра во Далас. Штета, ако се знае дека и двете селекции имаа по неколку шанси, закани по противничкиот гол. Нуњо Мендеш ја погоди и пречката. Шанси имаа и Роналдо двпати, Кансело.

Најголемата шанса за Шпанија ја имаше Ојарзабал, кој излезе сам пред Диого Кошта, но не го погоди голот.

И Олмо имаше зицер, а во 16.минута во една иста акции опасно се заканија Јамал и Баена.

Супер фудбал, атомски фудбал, но да биде перфектен ќе треба голови. На Шпанија ова и е петти меч на Мундијалот, а нејзината мрежа сеуште не се тресела.

Победникот од овој европски класик, во 1/4 финалето ќе игра против подобриот од дуелот САД – Белгија.

ПретходноТиквеш ја закажа првата контрола на подготовките во Турција!(ФОТО)
СледноАрне Слот ќе биде новиот селектор на „лалињата“?