Се огласи и Инфантино: Јас немам никаква врска со одлуката да се поништи црвниот картон на Балогун!

286
ФОТО: Screenshot

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, конечно собра храброст да излезе јавно по скандалозното поништување на црвениот картон на Фоларин Балогун пред дуелот САД – Белгија во осминафиналето на Светското првенство.

По повикот на Доналд Трамп, ФИФА го поништи црвениот картон за напаѓачот на американската селекција, кој го доби на дуелот против Босна и Херцеговина по ужасниот старт против Тарик Мухаремовиќ. Тоа предизвика сериозен скандал и го погоди интегритетот на натпреварувањето.
Инфантино тврди дека нема никаква врска со одлуката. Се “пере“, но јавно тоне сè подлабоко и подлабоко.
„Видов јавни коментари поврзани со одлуката на Дисциплинската комисија на ФИФА за суспензијата на Фоларин Балогун“, започна Инфантино и продолжи:

Сакам повторно да нагласам еден фундаментален принцип на ФИФА: Судските тела на ФИФА се независни, дејствуваат автономно, ги применуваат Дисциплинските прописи на ФИФА и донесуваат одлуки врз основа на важечките прописи и специфичните факти од секој случај. Нивната независност е клучен интегритет на фудбалот и ова секогаш мора да се почитува.“

Тој призна дека добил повик од Доналд Трамп. Тој тврди дека не влијаел на одлуката поради тој разговор.
Редовно разговарам со претседателот за прашања поврзани со Светското првенство. Во овој случај, добив повик од Доналд Трамп, исто како што добивам повици од други шефови на држави, фудбалски работници и бизнисмени од целиот свет.“

„За време на разговорот, објаснив дека се водат судски постапки пред независни тела и дека тие ќе одлучат. Така функционира ФИФА и тоа е принципот што секогаш ќе го бранам.“

Инфантино повторно рече во следните реченици дека нема никаква врска со донесената одлука.

Ги читам одлуките на Дисциплинската комисија на ФИФА кога се објавуваат. Понекогаш ме изненадуваат, понекогаш се согласувам со нив, а понекогаш не. Она што секогаш го правам е да ги почитувам. Дали ни се допаѓа некоја одлука или не е сосема ирелевантно. Почитувањето на независните институции и владеењето на правото е она што го штити интегритетот на нашите натпреварувања и кредибилитетот на ФИФА во секое време“, рече Инфантино.

ПретходноТрамп: Да, му се јавив на Инфантино! Ако загубиме од Белгија ќе изјавам дека било наместено!
СледноКореецот Ли Канг-ин е ново засилување за „јорганџиите“