Фабијани: За мене овој дуел на Вардар ќе трае 180 минути

176

Македонскиот шампион ФК Вардар, утре со почеток од 19:00 часот, на Арената Тодор Проески во Скопје, ќе го одигра првиот дуел од двомечот од првото коло од Квалификациите за Лигата на Шампионите, против најдобриот тим од Финска, КуПС.

Нашиот првак вечерва го одработува официјалниот тренинг пред утрешниот дуел, а секако и официјалната прес конференција како што е според протоколот.

„Дојде долго очекуваниот момент, по добрите подготовки во Италија. Со подготовките сум задоволен, сепак јас сум нов и не го имав оптималниот тајминг за да се подготвиме. Овој меч според мене трае 180 минути, а не деведесет“ – рече тренерот на Вардар Фабијани, па додаде.

„Ќе се соочиме со тим кој што е во натпреварувачка форма. Тим кој што игра одлично. Дека игра со топка, дека игра човек на човек. Да пробаме да ги притиснеме уште во нивната дефанзивна линија“ – рече Фабијани.

Што се однесува до самиот тим и дали Михаил Маневски е подготвен за настап пред се поради долгиот процес на рехабилитација од повредата тренерот на Вардар рече.

„Задоволен сум од Маневски како работи. Како и од сите останати во тимот. Кој ќе настапи ќе видиме утре. Тоа сигурно ќе се најподготвените“ – рече Фабијани.

На прашањето пак какви се неговите размислувања околу шансите на Вардар севкупно сезонава тој рече.

„Веќе три месеци сум тука и некои нешта веќе ги осознав. Мислам дека Вардар може многу, но клубот сеуште не е на она ниво на кое што е потребно“ – рече Фабијани.

 

 

 

 

ПретходноКореецот Ли Канг-ин е ново засилување за „јорганџиите“
СледноОмерагиќ: Вардар се враќа каде што му е местото