Четири лица застрелани по мечот Мексико – Англија во мексиканската заедница во ЛА

179

Четири лица биле застрелани од огнено оружје по осминафиналниот натпревар на Светското првенство во 2026 година меѓу Англија и Мексико (3:2).

Околу 21:40 часот по локално време, во Источен Лос Анџелес биле пријавени три одделни пукотници. Првата се случила на раскрсницата на булеварот Витиер и авенијата Леонард, каде што биле ранети две лица. Осум минути подоцна, друго лице било рането на авенијата Амали и 6-та улица. Кратко потоа, четврта жртва е пронајдена на авенијата Амали и булеварот Витиер.

Сите четворица се хоспитализирани, но засега нема информации за нивната состојба.

Истражителите утврдуваат дали трите инциденти се поврзани. Во моментов нема апсења, а мотивот за злосторствата не е утврден. Бројни навивачи беа присутни во областа каде што се случија инцидентите по натпреварот. Булеварот Витиер се смета за едно од главните места за прослава на мексиканската заедница во Лос Анџелес за време на Светското првенство.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Гласнер е нов менаџер на „шумарите“
СледноЦел адвокатски тим меѓу кои и адвокати од Белата куќа правеле притисок за суспензијата на Балогун