Мбапе: Госпоѓо, вие сте…

429
ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/

Јасно е дека мега – ѕвездата на Франција и светскиот фудбал одговори. По расните навреди на парагвајската сенаторка Селесте Амариљо кон Килијан Мбапе, реагираше.
Политичарката се огласи на социјалните мрежи за да го навреди изгледот на Мбапе, нарекувајќи го „колонизиран Камерунец кој се преправа дека е Французин“. Меѓу другото, таа изјави дека тој е „дивјак“ и изрази жалење што нејзините сограѓани не го нападнале физички на теренот.
Мбапе сега излезе со изјава:
„Госпоѓо Селесте Амариљо, вие сте презрена жена и недостојна за вашата позиција. Вие не го претставувате Парагвај, земја која зрачеше со страст и чест во текот на целото натпреварување. Поради вашата неодговорност и вашиот дрзок расизам, целиот свет веќе го заборави патувањето и историскиот напор што вашите играчи го постигнаа за време на ова Светско првенство, отстапувајќи место за некомпетентна жена која дава најлоша можна слика за својата земја. Никогаш нема да дозволам луѓе како неа да ја шират својата омраза и расизам низ целиот свет.“

ПретходноАрне Слот ќе биде новиот селектор на „лалињата“?
СледноШпанија со гол во 90+1.минута ја “скрши“ Португалија и ја испрати дома! (ВИДЕО)