Пелистер им се заблагодари на шестмина фудбалери!(ФОТО)

153
ФОТО:facebook.com/FC.PelisterBitola/

По се изгледа дека со новиот тренер Борче Христов, Пелистер со нови сили ќе се обиде следната сезона во ВМФЛ да биде конкурентен и да се обиде веднаш да се врати во елитата.

Секако дека прашање е како, ако се знае дека неколку клучни играчи на тимот од минатата сезона си заминаа од Битола.

А клубот дури вечерва јавно го објави нивното заминување и притоа им се заблагодари:

Фудбалскиот клуб Пелистер ја информира јавноста дека, по истекот на договорите, завршува соработката со шестмина наши фудбалери.

Зелено-белиот дрес повеќе нема да го носат капитените Мирко Ивановски и Александар Ристевски, како и Андреј Јовчевски, Давид Ангелевски, Филип Бошковски и Вилдан Керим.

Во името на клубот, искрено им благодариме за професионалниот однос, пожртвуваноста, посветеноста и придонесот што го дадоа во изминатиот период. Со својата работа, карактер и борбеност, секој од нив остави свој белег во зелено-белиот дрес и беше дел од приказната на Пелистер.

ФК Пелистер им посакува многу здравје, среќа и успех во понатамошниот тек од нивните кариери, како на професионален, така и на личен план.

Вратите на Пелистер секогаш ќе останат отворени за вас, бидејќи еднаш кога ќе станете дел од нашето зелено-бело семејство, Пелистер засекогаш останува ваш дом.

Ви благодариме за сè и ви посакуваме многу среќа во новите предизвици“ истакнаа од страна на клубот од Битола.

ПретходноУкинување на суспензијата на Балогун не е прва на Мундијалите, за првпат преседан е направен во 1962!
СледноТиквеш ја закажа првата контрола на подготовките во Турција!(ФОТО)