Куртоа: Знаев дека ќе ги победиме САД, па Сенегал се подобри од нив!

117
фото: Belgian Red Devils @BelRedDevils (X)

Голманот на белгиската репрезентација Тибо Куртоа, ја коментираше победата над репрезентацијата на САД (4:1) во осминафиналето на Светското првенство во 2026 година .

„Ни рекоа дека не сме тоа што бевме порано. Мислеа дека лесно ќе не победат. Но, ние покажавме дека навистина сме добар тим. Од самиот почеток притискавме врз противникот и создадовме шанси. По голот на Малик Тилман, Американците немаа никакви шанси за гол, освен ударот на Фоларин Балогун. Читав за случјаот со него и само се насмеав. Верувајте, бев уверен во нашата победа. Сега бев многупосигурен отколку во натпреварот против Сенегал, бидејќи Сенегал како тим е подобар од САД“, рече Тибо Куртоа.

ПретходноБрутална порака до Трамп и Инфантино: Поништи го ова! (ФОТО)
СледноТензиите меѓу Верстапен и Ред Бул се зголемуваат