Одиграни мечевите од првото и второто коло од Државното првенство

16

На терените на ТК Југ денеска се одиграа мечевите од првото и второто коло, а беа одиграни вкупно 16 мечеви во двете конкуренции. Фаворитите не дозволија изненадување и само еден меч се играше во три сета.

Дејвис куп репрезентативците на Македонија се дел од четвртфиналните мечеви кои ќе се играат утре (среда).

Резултати 1.коло – мажи:

Амар Хусеиновиќ – Џемал Јилдиз Селим 2-0 (61 63)

Борјан Ѓуковиќ – Василиј Закоски 2-0 (75 62)

Виктор Сушелски – Игор Србљак 2-1 (46 63 61)

Дарјан Пановски – Бруно Сатвревски 2-0 (63 64)

Ѓорѓи Јанкуловски – Ерион Незири 2-0 (75 62)

Благој Темелков – Александар Шољаковски 2-0 (63 64)

Алексеј Стојановски – Костадин Петров 2-0 (63 60)

Резултати 2. коло – мажи:

Кристијан Јанев (1) – Божидар Крстев 2-0 (60 60)

Матеј Попов – Борјан Ѓуковиќ 2-0 (61 64)

Амар Хусеиновиќ – Дарко Колевски 2-0 (61 63)

Иван Манасов (4) – Дарјан Пановски 2-0 (60 62)

Стефан Мицов (2) – Алексеј Стојановски 2-0 (62 62)

Ѓорѓи Јанкуловски – Петар Џугоманов 2-0 (60 60)

Марин Стефановски – Благој Темелков 2-0 (61 63)

Горјан Вукиќевиќ (3) – Виктор Сушелски 2-0 (61 64)

Резултати 1.коло – жени

Данче Кржовска – Бојана Ристовска 2-0 (60 61)

Утре на програмата се мечевите од четвртфиналето во двете конкуренции, а ќе стартуваат и мечевите во конкуренција на двојки кај мажите. Во женска конкуренција внимание привлекува мечот на двете репрезентативки на Македонија Јана Божиновска и Сара Митевска.

Четвртфинале – мажи:

Кристијан Јанев (1) – Матеј Попов

Стефан Мицов (2) – Ѓорѓи Јанкуловски

Горјан Вукиќевиќ (3) – Марин Стефановски

Иван Манасов (4) – Амар Хусеиновиќ

Четвртфинале жени:

Теона Андова (1) – Данче Кржовска

Сара Митевска (2) – Јана Божиновска

Ана Митевска (3) – Катја Ивановска

Јована Велјановска (4) – Ирина Пиштолова

Почетокот на мечевите е во 9 часот.

ПретходноБез победник во “македонското дерби“ во ЛШ, Рамадан со 1:1 на гостувањето во Литванија
СледноЈуниорите со голем пресврт до победа против Косово