Струга ја наполни мрежата на Арсими

265

Предмалку заврши контролниот натпревар помеѓу екипите на Струга Трим Љум и Арсими како дел од подготовките на двата тима пред стартот на новиот шампионат. За изненадување овој дуел имаше и „бетинг берза“ па оттука и конечните 6:0 за домашните и не беа некое изненадување. Струга по првиот дел имаше водство од само 1:0 и тоа со гол постигнат во 30 минута од средбата.

На полувремето како да „заспаа“ фудбалерите на Арсими кои примија 4 голови во првите 10 минути од вториот дел. Убедливата победа беше заверена од страна на Струга Трим Љум со „касен гол“ – постигнат во 87 минута.

Во оваа фаза од летото кога не се знае кој тренира, кој се подготвува и кој со кој тим ќе настапи во шампионатот овој тест дуел со конечни 6:0 и не треба да биде некое изненадување.

Дали некој сето ова го гледа!? Или небитно е … Битно да се игра – нека „трепка“!

ПретходноХаланд го обожава Реал, дали Мадрид ќе го сруши рекордот?
Следно„ДА“ за Американецот, „НЕ“ за Французите: ФИФА донесе нова контроверзна одлука