Финците изненадени од лесната победа во Скопје: Вардар требаше да биде најтешкиот противник?!

415

По вчерашниот дебакл на Вардар во Скопје на премиерата во квалификациите од Лигата на шампионите, локалните фински медиуми изненадено го коментираат прилично лесниот триумф на КуПС во Скопје. Дел од нив пишуваат дека кога го дознале противникот во ова прво коло, Вардар бил оценет како најтешкиот можен противник за финскиот шампион.

„Вардар ќе биде најтешкиот можен противник во првото квалификациско коло“, напиша пред ждрепката ИЛЕ, финскиот национален јавен радиодифузен сервис.

Сепак, на вчерашниот натпревар во Скопје работите воопшто не изгледаа така. КуПС лесно дојде до два гола предност пред реваншот на домашен терен, каде треба само да ја потврди победата од Скопје за пласман во 2. коло

„Добро ја завршивме нашата работа во позадина и гледавме многу натпревари на Вардар од минатата сезона. Имавме информации и од нивните последни тренинзи“, изјавил за финските медиуми младиот тренер на Финците, Нутинен.

Несомнено КуПС одлично го имаше „сецирано“ Вардар, затоа што нашиот првак вчера во Скопје не успеа во ниту еден момент сериозно да се наметне во натпреварот, па сега желбата за место во следната фаза веќе изгледа нереална.

ПретходноКристијан Симоноски е нов играч во Еурофарм  Пелистер 2
СледноЕкс-репрезентативецот Бошков е прво засилување за ГОК Борец