Екс-репрезентативецот Бошков е прво засилување за ГОК Борец

30

Македонскиот одбојкарски вицешампион ГОК Борец го објави првото засилување за новата сезона. Како што се пофалија велешани, следната сезона во својот тим ќе го имаат поранешниот репрезентативец на Македонија, Ангел Бошков.

„Со големо задоволство ви го претставуваме нашето прво засилување за новата сезона! Во нашиот клуб пристигнува нов член кој со својот квалитет, борбеност и тимски дух ќе донесе дополнителна енергија и сигурност на теренот. Ова засилување ќе биде важен дел од нашите амбиции за сезоната што претстои“, напишаа од Борец на социјалните мрежи.

Бошков минатата сезона ја мина во скопски Работнички.

ПретходноФинците изненадени од лесната победа во Скопје: Вардар требаше да биде најтешкиот противник?!
СледноОфицијално: Златко Далиќ повеќе не е селектор на Хрватска