Далиќ е на радарот на огромен број на репрезентации

196

Само што заврши неговата деветгодишна кампања како селектор на Хрватска, Златко Далиќ веќе има понуди да преземе друга селекција.

Најуспешниот селектор во историјата на Хрватска, со освоени второ и трето место на Мундијалите, по елиминацијата на овогодинешниот Мундијал во осминафиналето, реши да се раздели со „Коцкастите“.

Тоа секако едвај го дочекаа голем дел од репрезентациите ширум светот кој што веднаш го контактирале Далиќ или неговите претставници со понуди за соработка.

Италијанскиот инсајдер Лоренцо Лепоре вели дека Далиќ е на радарот на Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Катар, Јужна Кореја, се од ред исклучително богати земји кои што сакаат да напредуваат во фудбалскиот свет. Секако, Далиќ во моментов е еден од најбараните стратези во светот, па тој многу веројатно повторно ќе се одлучи да води репрезентација и нема да се врати во клупските води.

 

ПретходноМакедонија со пораз и против Хрватска
СледноЧелзи и Манчестер Јунајтед – шокираа на трансфер пазарот!