Македонија со пораз и против Хрватска

81

Македонската младинска машка ракометна репрезенѕација не успеа ниту во вториот обид на Европското првенство да стигне до првата позитива. Овојпат подобри од нашите момци беа репрезентативците на Хрватска кои што ја победија Македонија со конечни 34-29.

Со овој пораз напиот национален состав веќе нема шанси да се пресели во главната рунда од турнирот, туку ќе разигрува за пласман од 13 до 24 место.

Каевски со седум и Поповски со шест погодоци беа наши најдобри поединци на овој меч, што се однесува до офанзивата додека кај голманите Николовски зебележа седум одбрани, додека Младенов додаде свои пет одбрани, три одбранети пенали.

Иако Македонија одлично го отвори мечот и имаше речиси егал во резултатот 15:14, но по 27. минута во играта на избраниците на селекторот Игор Илиевски се случи огромен пад. Наместо тесен резултат на полувреме се замина со минус четири.

Во вториот дел Хрватска и тоа како знаеше да го искористи моментумот и не дозволи резултаско приклучување на Македонија.

 

ПретходноПоранешен фудбалски репрезентативец на Романија се удави во езеро
СледноДалиќ е на радарот на огромен број на репрезентации