Поранешен фудбалски репрезентативец на Романија се удави во езеро

84

Трагедија го погоди романскот фудбал. Некогашниот репрезентативец на оваа земја, Габриел Мурешан, почина на 45 годишна возраст, откако се удавил во езерото кое се наоѓа блиску до неговиот град.

Инаку Мурешан ја извршуваше функцијата градоначаник, на градот Аполд, а Фудбалската Федерација на Романија ја потврди погибијата на репрезентативецот кој што деветпати го носеше дресот со национален грб.

„Романската фудбалска федерација упатува длабоко сочувство до семејството, пријателите и сите што го познаваа Габриел Мурешан“, се наведува во соопштението.

 

 

ПретходноДенеска на Мундијалот: Моќната Франција против силниот Мароко во битка за полуфинале!
СледноМакедонија со пораз и против Хрватска