Елиф Елмас е тема која постојано е во центарот на вниманието изминатиот период. Македонскиот репрезентативец ја заврши својата мисија во Наполи каде замина како позајмен играч од Лајпциг.
Додека во медиумите постојано се појавуваат информации поврзани со иднината на еден од нашите најдобри фудбалери, тој ова лето подготовките ќе ги почне со германскиот тим.
Од таборот на Лајпциг известија дека 25 фудбалери ќе се појават на медицинските прегледи, а еден од нив е токму Елмас. Без разлика на тоа што неговата иднина засега не е дефинирана, сепак тој е на списокот на бундес-лигашот.
За Елмас силно е заинтересиран и Јувентус, но тоа засега се само неофицијални информации.










